
Премиерот Христијан Мицкоски ќе го посети Институтот за јавно здравје – Скопје, информираат од Владата.
Притоа Мицкоски ќе оствари увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот.
Од Владата соопштуваат дека по настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Македонски


