Skip to main content

Зоолошката доби два нови преслатки жители, се родија младеничиња кај белите волци

ЗОО Скопје

Во скопската Зоолошка градина се родија две мали бели волкчиња. 

Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волкчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волкчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени. Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката“, информираат од ЗОО Скопје. 

Поврзани вести