Skip to main content

Промоција на Алманах и видео проект „По стапките на Прличев“ во Охридската библиотека

Денеска, 3 јуни – среда во рамките на проектот „Четврта годишна средба на роднокрајни автори“ кој е дел од програмата за работа на установата а финансиран од страна на Министерството за култура и туризам, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ги промовира третиот Алманах „По стапките на Прличев“ и Видео проектот со пет родонокрајни автори.

Алманахот е плод на врската на Библиотеката со поетите и писателите од Охрид и околината, па дури до Австралија.

Стиховите и прозата од вкупно 29 автори кои се вклучија во Проектот ја слават книжевната душа на Охрид.

Годинава нашата литературна сцена одбележува и три јубилеи на автори кои твореле и творат за Охрид и потекнуваат и живееле и живеат во градот крај синото Езеро.

Тоа се:  Видое Видически – 95 години од раѓањето.

Светлана Христова – Јоциќ,  85 години од раѓањето.

Љупчо Милковски – 70 години од раѓањето.

Нивните создадени песни, стихови, проза, поеми, раскази и романи љубоморно се чуваат во нашето роднокрајно одделение, но се и на дофат на читателската публика, а по една нивна песна е објавена и во новиот Алманх.

Денеска во Прличевата одаја заедно со Алманахот од 11 часот ќе биде промовиран и видео проектот со роднокрајни автори. Снимени се пет интервјуа со Енис Хилми, Митко Колјушески, Елена Обухова, Митре Мангоски – Радождански и Виолета Ачкоска. Со нив Библиотеката ќе го збогати својот аудио и видео фонд.

Носител на проектите е Милчо Јованоски, виш библиотекар.

Поврзани вести