
Интервјуата се даваат за да се гледаат или читаат целосно. За жал се вади еден сегмент или збор и од тој збор се вади наслов кој не соодветствува ниту со тоа што е кажано во интервјуто ниту со контекстот, реагира вицепремиерот Александар Николоски за насловот со кој е споделено неговото интервју.
Да е најтрагично, во истово интервју зборувам за тоа како беше претходно злоупотребувана една моја изјава околу Албанија. Баш во истово интервју објаснувам како се вадат работите од контекст. Велам: „Единствено имам проблем, не со Вас туку со Ваши колеги новинари, кога од се ова што кажувам ќе ми извадат наслов од 5 збора и комплетно ќе отиде контекстот во друга насока.” Како и да е – ЕУ е број 1 партнер на регионот и на Македонија и местото на Македонија е во ЕУ. Ние за тоа работиме и не случајно посветуваме толку време и енергија на Планот за раст и реформите предвидени во него. Сè друго е спин и манипулација!, вели Николоски во реакцијата.

Македонски


