
Вторник, 2 јуни
20:00
Пензионираниот железничар Марко Петриќ монотоно ги поминува своите пензионерски денови, сè до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка Ана ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени од кои секоја подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека вистинската Ана загинала во војната.
Оваа 93-минутна мелодрама својата премиера ја имаше во 1959 годинa и беше дигитално реставрирана во соработка со Хрватската кинотека. Приказната за железничарот Марко Петриќ (Душан Стефановиќ) кој залудно се надева дека по војната ќе ја најде и препознае својата исчезната ќерка Ана беше реализирана по сценарио на Слободан Глумац, а продуцентската куќа „Вардар филм“ од Скопје состави екипа од филмски работници од цела тогашна Југославија. Некои од нив, како актерите Душан Јаниќиевиќ и Јанез Врховец, асистентот на режија Миомир Мики Стаменковиќ и костимографот Мира Глишиќ ќе остават подлабока трага во македонскaта кинематографија и ќе потпишат уште неколку играни филмски проекти за „Вардар филм“.
Во главните улоги настапуваат Велимир „Бата“ Живојиновиќ, Али Ранер, Слободан Перовиќ, Сенка Велетанлиќ и Војо Мириќ. Сценариото го потпишуваат Александар Петровиќ и Антоније Исаковиќ, врз основа на мотиви од делата на Исаковиќ. Со впечатливата црно-бела фотографија и силниот визуелен јазик, филмот создава атмосфера што и денес остава длабок впечаток врз гледачите.
„Три“ беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, со што стана едно од првите југословенски филмски остварувања што добија големо меѓународно признание. Филмот освои и Златна арена за најдобар режисер и најдобар актер на Филмскиот фестивал во Пула, а беше награден и на повеќе меѓународни фестивали, вклучувајќи го и Карлови Вари

Македонски


