
Македонија останува на своите позиции. Премиерот Христијан Мицкоски, пред денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта истакна дека ставот на земјата е непроменлив.
Немам намера како претседател на Влада да поддржам авантура, без притоа да знам дека ќе има извесен крај. Ние покажуваме дека сме компетитивни, дека имаме капацитет, знаеме и сакаме да го изодиме овој процес бргу. Имаме знаење, без да имаме извесен крај не можеме да влеземе во таква авантура, бидејќи три ипол децении граѓаните во оваа наша земја беа сведоци на таков тип на политички авантури и гимнастики. Нефер и несериозно е да се очекува дека кога наеднаш ќе дојде висок европски политичар ние ќе ја промениме позицијата, тоа нема да се случи. Треба сите да знаат дека без ВМРО-ДПМНЕ оваа работа не бива. Може да имаме политички аналфабети кои ја држат темата на дневна основа, бидејќи така им рекле, но само губат и ги нарушуваат опозициите на Владата. Јас кога би бил од страна на бугарската Влада, кога гледам дека внатре имам човек кој ги урива позициите на владата, тогаш би си седел мирен и се радикализирал, зошто би барал решение. Имаме такви национално исплакнати луѓе кои единствено нешто кое сакаат да го направат е некој денар плус. Ние таква политика не водиме и немаме намера да водиме – дециден е Мицкоски во одговорот на новинарско прашање за очекувањата од денешната средба со Кошта.
Тој вели дека она кое е пред нас е јасно, минатата влада прифатила, тоа се уставни измени, француски предлог, протокол 1, протокол 2, но остава да се види што има бугарската влада пред себе.
Тоа се 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур. Оваа работа мора да има доверба, а тоа се создава ако имате двонасочна улица, ако е еднонасочна, тогаш не можете да изградите доверба. За да ја изградиме довербата треба да видиме испорака и од таа страна. Ако сите европски политичари се едногласни дека нема да има повеќе условувања, тогаш најмалку што можеме ние да добиеме како држава се нови заклучоци, на тој начин ќе се потврди поддршката и довербата. Би пренел мое мислење дека најпрво треба да почнеме да градиме доверба за да разговараме, ние не разговараме.Ценам дека во едно демократско општество треба да се разговара. Ценам дека треба да се посветиме на испораката на рефорската агенд акаде ние сме вистински фронтранери, а не останатите земји од Западен Балкан. Прво би разговарал за овие теми, нешо што би било брза испорака. Дури потоа да видиме доколку постои простор да се изгради таа доверба да влеземе во една следна фаза – нагласи Мицкоски.
Премеирот денеска попладне , во 17:25 часот, ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.
Во 18:30 часот Мицкоски и Кошта ќе одржат во Владата заедничка прес-конференција.

Македонски


