Skip to main content

Пожарникари извлекуваа тракторист од провалија, тешко е повреден

Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија.

Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, соопшти МВР.

Поврзани вести