
Возбдудлив музички настан. во Литературното кафе Метаноја во понеделник на 1 јуни во 19 часот.
Овој албум (Apollon records) е музички подвиг во кој авторот на музиката и текстот Џулијан Мишиќ (Норвешка / Македонија) прави исклучителен спој меѓу источната (византиската) и скандинавската духовна музика ставајќи ги во главните улоги едни од несомнено највлијателните кралски ќерки од средниот век: Ана Комнена (Византија) и света Сунива (Скандинавија). Патешествието на создавањето и изведувањето, кое е поетично и богато, ќе биде раскажано (а и отпеано) од самиот автор и неговите македонски пријатели кои се и соработници на ова имресивно музичко-поетско дело: Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ. Модератор и рецезент на албумот е Коста Милков од Балканскиот институт за вера и култура. Овој настан одлично се вклопува во одбележувањето на 15 години од основањето на БИВК.
Датум: 1.6.2026
Место: Метаноја (Максим Горки 19, Скопје)
Почеток: 19 ч

Македонски


