Skip to main content

Најбогатите на куп: Маск, Безос и Цукерберг ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп

Милијардерите Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг во понеделник ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија извори за Ен-Би-СИ.

Според изворот, тие ќе седнат на видно место за време на церемонијата, заедно со кандидатите од новоизбраната републиканска администрација и други избрани функционери.

Амазон на Безос и Мета на Цукерберг се меѓу компаниите кои донираа по еден милион долари за инаугурацијата на Трамп. Илон Маск, пак, извршниот директор на Тесла, Спејс Икс и Икс, потроши повеќе од четвртина милијарда долари за да му помогне на Трамп да победи на ноемвриските избори.

Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи во понеделник на 20 јануари.

Поврзани вести