
Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности – од полагање 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, од еден предмет на четири ЕКТ-системи, признаени два по седум ЕКТ-кредити и диплома од 2016, на која има печат со Република Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното обвинителство.
Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот универзитетот ќе има сериозни последици, додаде Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање пред последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“.(МИА)

Македонски




