Skip to main content

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко

По кратко боледување, на 64-годишна возраст почина новинарот Рамуш Муарем – Цирко. Тој работеше како новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите.

Тој беше познат по својата емисија „Циркотека“ која се емитуваше на БТР, запаметена по неговиот автентичен хумор.

Муарем беше гласен борец за правата на ромската заедница и со своите настапи сакаше да придонесе кон поголема еднаквост и разбирање.

Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи наведувајќи дека загубиле човек со храброст, дух, силен глас и вистина во секој збор