
Јавната здравствена установа Општа болница Велес за Гинеколошко-акушерското одделение односно Породилиштето и за Детското одделение денеска доби најсовремена медицинска опрема од марката „Филипс“ во вредност од 150 илјади евра преку проектот „Перимак“ – американска фондација со подружница во Македонија, кој се реализира во соработка со бројни меѓународни партнери и донатори, а конкретно за овој проект со германски компании и фондации и во соработка со Германската Амбасада во Скопје. Претходно во општите болници во Струмица, Струга, Гостивар и Велес преку овој проект е донирана опрема вредна околу половина милион американски долари.
Опремата е составена од два породилни и два кревети за мајки родилки, пациент монитори за деца и за мајки, ваакум екстрактор, ехо портабл, инкубатор за бабиња, инструменти и друга важна медицинска опрема за мајките и децата на Гинеколошко-акушерското и на Детското одделение во велешката Општа болница која е регионална за градовите од Повардарието.

Директорот на велешката Општа болница Александар Бузалков во оваа прилика искажа голема благодарност од свое и името на целиот персонал на болницата за големата донација. Тој истакна дека со квалитетната опрема очекува да се зголеми и бројот на раѓање на бебиња не само од Велес и Велешко, туку и од градовите на Повардарието.

Питер Цизе од Германија, потпретседател на Бордот за овој проект во изјавата за медиумите потенцира дека се надева оти оваа медицинска опрема е доволна Велес да биде и остане Регионален центар за породувањата на жените од поширокиот регион на Повардарието и да даде придонес во намалувањето на смртноста кај бебињата.
На новинарско прашање колку инвестирале за 10 години во Македонија, Цизе одговори дека не станува збор само за инвестиции во пари или сума, туку, како што рече, се што е вложено – инвестирано се однесува на тренинг на оние на коишто им е потребно односно медицинските работници, на подобрување на инфраструктурата, на зајакнување на компетентноста на лицата коишто го изведуваат и пред се на подобрување на животот на мајките и на децата.
Сметам дека не е важно колку пари сте вложиле туку кој е резултатот од инвестицијата и влогот“, потенцира Цизе.
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски информира дека во средината на мај во велешката Општа болница на Очното одделение ќе се почне со операции на катаракта на око.

Македонски



