Skip to main content

Израелскиот претседател повика на вонпарнична спогодба меѓу страните во процесот против премиерот Нетанјаху

Freepik

Претседателот на Израел, Исак Херцог, ги повика страните вклучени во судскиот процес покренат за корупција против премиерот Бенјамин Нетанјаху да се обидат да постигнат вонпарнична спогодба.

Кабинетот на Херцог соопшти дека повикот адресиран до државната обвинителка Гали Бахарав-Миара, обвинителот Ами Тисман и адвокатот на Нетанјаху е прв чекор на претседателот пред евентуално да ги разгледа неговите овластувања за помилување.

Портпарол на Херцог изјави дека претседателот засега нема намера да го помилува Нетанјаху, туку се обидува да ги исцрпи сите правни можности, вклучително и постигнување договор меѓу страните.

Нетанјаху кој е обвинет за измама, злоупотреба на доверба и поткуп, претходно ја отфрли можноста за спогодба и инсистира на невиност.

Процесот против Нетанјаху трае веќе шест години. Тој во ноември поднесе барање за помилување, наведувајќи ги како причина длабоките политички поделби во земјата.

Претседателот на Доналд Трамп претходно во неколку наврати го повика Херцог да го помилува Нетанјаху.

Поврзани вести