Skip to main content

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни

Facebook / Orbán Viktor

Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан денеска предложи да се повлече од раководството на својата десничарска партија ФИДЕС, но одлуката за ова прашање ќе биде донесена на партиска конференција во јуни.

Десноцентристичката партија ТИСА, предводена од Петер Маѓар, победи на парламентарните избори во Унгарија на 12 април и со тоа стави крај на 16-годишното владеење на Орбан. Ова го отвора прашањето за понатамошниот развој на ФИДЕС.

ФИДЕС ќе гласа за ново партиско раководство на конференција на 13 јуни, изјави пратеникот Ерик Банки, цитиран од унгарската новинска агенција МТИ.

МИА

Поврзани вести