Националниот џез оркестар го најави почетокот на новата концертна сезона со еден задолжителен настан – Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones!
Концертот, кој ќе се одржи во Филхармонија на 24 јануари, со почеток од 20 часот, го покрива значајниот биг-бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, како и биг-бенд аранжмани на композиции од подоцнежниот поп период кога Квинси доминира како аранжер и продуцент. Во овој дел од концертот како солисти ќе ги видиме: Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ Дексо, Сашо Гигов Гиш и Џон Илија Апелгрен
Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.
Билетите за концертот може да ги набавите online на линкотhttps://mktickets.mk/event/quintessence/ и на продажните места на MKTickets.
За плакатот е искористена графиката “Шарен џезер” на академскиот сликар Сергеј Андреевски од циклусот “Џезери”, прва во низата дела кои ќе бидат употребени за нашите плакати во текот на оваа година.
Quintessence by Quincy Jones е уште една џез лектира која не смее да остане непрочитана!
Се гледаме на 24ти.