Skip to main content

Украина бара од Израел да заплени руски брод со жито пристанат во Хаифа, требало да е под меѓународни санкции

weeksymate from pixabay
weeksymate from pixabay

Украина побарала од Израел појаснувања во врска со рускиот товарен брод „Абинск“, кој е закотвен во израелското пристаниште Хаифа и транспортира пченица извезена од „окупирани украински територии“, пишува „Аксиос“.

Според изданието, официјален Киев тврди дека бродот треба да биде предмет на меѓународни санкции и бара Израел да го заплени, предупредувајќи дека инцидентот може да биде во спротивност со декларираната политика на Израел и потенцијално да ги прекрши американските и другите меѓународни санкции.

Украинското разузнавање го следело излегувањето на бродот од Црното Море и доставило докази до обвинителството, што довело до налог за притвор издаден од украински суд на 8 април.

Украинските власти, исто така, однапред го предупредиле Израел и го повикале да го блокира пристанувањето на бродот, а сега официјално побарале и правна помош и негово запленување.

Поврзани вести