
Водечките екипи во кошаркарската Супер лига ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром стартуваа со победи во ТОП 6 лигата. Во првите два дуела од оваа рунда ги совладаа Тиквеш Голден Игл и Кожув.
Во салата „Лазар Лечиќ“ ТФТ победата (80:74) ја обезбеди во последните минути, откако гостинот од Кавадарци водеше со 74:73 на 90 секунди до крајот. Сепак серијата од 7-0 на ТФТ се покажа решавачка за победата. Георги Зафиров во редовите на ТФТ со 20 поени беше најефикасниот кај победничката екипа.

На дуелот во СЦ „Јане Сандански“ гостите од Гевгелија по три четвртини имаа водство од 60:59, но во последниот период првакот МЗТ Скопје А. Беше подобар со 25:15 за триумф од 84:75. Дамјан Стојановски и Душан Танасковиќ кај домашниот тим беа најефикасни со по 21 поен, додека на натпреварот најпрецизен беше Брајан Боувен со 24 поени.



Македонски


