Skip to main content

Втора победа за македонската футсал репрезентација

Фото: ФФМ

Футсал македонската репрезентација ја постигна и втората победа во мундијалските квалификации што се играат во Литванија. Во рамки на групата Ц македонските футсал репрезентативци ја победија Турција со 6:3. Македонскиот тим е прв во групата со 6 бодови.

Македонскиот национален тим имаше одличен почеток и водство од 3:0, а на полувреме беше 4:1. Во вториот дел противникот намали на 4:3, но до крајот нашите репрезентативци постигнаа уште два гола.

Стрелци за македонската футсал репрезентација беа: Тони Киревски (2 гола), Јакуп Рамадан, Таулант Исмаили, Марио Благојевски и Бурак Угурлу (автогол).

Во последниот натпревар од групата противник ни е домаќинот Литванија и натпреварот се игра в недела на 12. април. Пласман во главната рунда од мундијалските квалификации ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во групата.