Skip to main content

Градиме проекти ветувани со децении, го разбиваме стереотипот дека сите политичари се исти, кажа Мицкоски во Струга

Влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојуваше во Струга, каде изврши увид во реализацијата на значаен инфраструктурен проект за кој истакна дека граѓаните го чекале со децении. Мицкоски порача дека Владата е максимално фокусирана на подобрување на квалитетот на животот преку конкретни дела, а не преку празни ветувања.

Со реализацијата на вакви проекти ширум Македонија, Владата го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти и дека гледаат само за себе. Не сме чудотворци, но ‘ќе го оставиме срцето на терен’ за граѓаните да добијат поквалитетен живот. Тоа е нашата единствена инспирација“, изјави премиерот Мицкоски.

Поврзани вести