
Полициски службеници денеска лишиле од слобода турски државјанин во Скопје, откако кај неговиот дом е пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа.
На територија на Центар денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и најавуваат дека по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонски


