
Астролозите направија интересна ранг-листа на хороскопските знаци според нивната популарност во друштво. Додека некои лесно привлекуваат внимание и пријателства, други повеќе ја ценат приватноста и блискиот круг на луѓе.
На дното на листата се најде Шкорпија, знак кој повеќе ја цени довербата отколку популарноста. По неа следуваат Девица и Јарец, кои се фокусирани на стабилни односи и лични цели, наместо на широка социјална мрежа.
Во средината на листата се Бик, Водолија, Вага и Близнаци – знаци кои имаат природен шарм и лесно воспоставуваат контакти, но сепак преферираат квалитет пред квантитет кога станува збор за пријателства.
Кон врвот се Овен, Риби и Стрелец, кои со својата енергија, емпатија и авантуристички дух лесно освојуваат симпатии и се омилени во друштво.
На самиот врв се најдоа Рак и Лав – знаци кои зрачат со топлина, харизма и дружељубивост. Особено Лав, кој важи за најпопуларен знак благодарение на својата силна енергија и способност да биде во центарот на вниманието.

Македонски


