Skip to main content

Дел од бастионите на подземјето веќе не се на слобода, тие се дел од нарко-мрежа кои егзистирале три децении, вели директорот на БЈБ

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев изјави дека последната полициска акција, во која беа уапсени седум лица и разбиена организирана криминална група, претставува дел од поширока и синхронизирана офанзива против криминалот.

Според него, станува збор за мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога која делувала повеќе од две до три децении, особено на подрачјето на Струмица, од каде што и потекнала иницијативата за акцијата.

Дел од бастионите на тоа подземје веќе не е на слобода. Ова не е случајност, туку резултат на координирана акција и размена на информации“, посочи Јанев.

Тој додаде дека полицијата е консолидирана и дека е намален одливот на информации, што, како што наведе, претходно претставувало сериозен проблем.

Во акцијата биле уапсени четири лица од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на вкупно 15 локации.

Поврзани вести