
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопшти дека започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзална сала, по години административни пречки и одложувања. Објектот е затворен 11 години, односно од 2015 година.
Според него, постапката за избор на изведувач е целосно завршена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила жалбата на економскиот оператор како неоснована, со што е потврден изборот на најповолната понуда.
Со ова се отстранува и последната правна пречка за старт на градежните работи“, информира Љутков.Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала е предвидено да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028. Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани“, потенцира Љутков.
Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации, додаде Љутков.
Останувам целосно посветен на транспарентно, законито и ефикасно реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на нашата земја, пишува во објавата министерот Љутков.
Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а завршувањето на реконструкцијата е предвидено до декември 2027 година. Овој зафат е дел од подготовките на Скопје за кандидатурата за Европска престолнина на културата во 2028 година.
Со обновата, Универзалната сала треба да добие современ и функционален изглед и да стане центар за театарски претстави, концерти, фестивали и други културни настани.
Љутков оцени дека станува збор за инвестиција во културата и иднината на државата, најавувајќи транспарентна и ефикасна реализација на проектот.

Македонски


