
Специјалниот суд против корупција и организиран криминал денеска во отсуство му изрече казна затвор во траење од 11 години на Резарт Тачи, познат албански бизнисмен, сопственик на рафинеријата “ОИЛ тачи”(претходно “АРМО”).
– Тачи беше прогласен за виновен за вмешаност во обид за перење 18,3 милиони евра, средства на италијанската мафија Коза Ностра, наводно за инвестирање во нафтената индустрија. Судењето против бизнисменот првично беше одложено за една година, откако тој не беше достапен за апсење по мерката за безбедност „затворски притвор“, објавија медиумите.
Исто така останува во сила одлуката од 2021 година за конфискација на повеќе од 18 милиони евра депонирани на сметка отворена во Тирана, кои требало да бидат распределени на други сметки во Хонг Конг и Сингапур, а тој требало да добие три милиони евра.
Во операцијата за перење пари од италијанската мафија, биле вмешани тројца Италијанци. Во Албанија до сега, за вмешаност во овој случај , Бледар Лило и Артур Бала, се осудени на 6,8 годинизатвор, односно на 7,4 години.
Криминалните трансакции и дејствија биле делумно извршени, но со интервенција на Специјалното обвинителство (СПАК), било извршено блокирање на средствата и се конфискувани со судска одлука.
Истрагата почнала во 2021, а Тачи е во бегство од 2022 година.
Во 2014 година врз основа на судска наредбата, од банкарски сметки на Тачи беа конфискувани 1,3 милиони долари. Тој беше обвинет за затајување данок. Тачи, како сопственик на рафинеријата „АРМО“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра. Потоа рафинеријата ја преименува во “ОИЛ Тачи”.

Македонски


