
Претставникот на Иран во Обединети нации, Амир-Сајед Иравани изјави дека Техеран „моментално ќе преземе пропорционални мерки“ ако американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ги исполни своите закани за уништување на иранската цивилизација.
Иравани наведе дека изјавата на Трамп дека „цела цивилизација ќе умре“ ако Иран до крајот на денот не се согласи на договор со САД „претставуваат поттикнување на воени злосторства, а потенцијално и на геноцид“.
Тој, на седницата на Советот за безбедност на ОН за Ормуска Теснина, упати апел до меѓународната заедница да го повика Трам поради неговата реторика пред да биде предоцна.
– Иран нема да стои мирно пред ваквите скандалозни воени злосторства. Без двоумење ќе го покаже своето вродено право на самоодбрана и веднаш ќе преземат пропорционални, реципрочни мерки, истакна Иравани.
Во меѓувреме, американските медиуми објавија дека Техеран ја „прекина директна комуникација“ со Вашингтон како одговор на заканите од Трамп во изминатите денови. Но, оти продолжуваат преговорите преку медијаторите.
„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на повеќе неименувани ирански извори, наведе дека Техеран „престанал да учествува во преговорите за завршување на борбите“.

Македонски


