
Филмот „Фросина“ на Воислав Нановиќ / Македонија / 1952 / 72 мин денеска ќе биде прикажан во Кинотека. Филмот ја раскажува трагичната судбина на Фросина, вдовица и мајка на многу деца, од кои само Климе преживеал. Нејзиниот сопруг, гурбетџија, пред да загине, речиси постојано бил отсутен од нејзиниот живот, а таа сама ги раѓала и набргу потоа ги погребувала своите деца. Сега Климе, нејзината последна надеж, здраво и пргаво момче, ја заработува живеачката помагајќи им на постарите и поискусни рибари. Вљубен е во Љуба, девојка која сонува за живот на висока нога, нешто што сиромашниот Климе не може да ѝ приушти. Кога Климе ќе го сретне ранетиот Кирил, ќе реши да замине во партизани и да се бори за слобода. Година дена подоцна, кога во гратчето започнуваат улични борби помеѓу окупаторот и партизанскиот одред, синот ќе сака да ја искористи можноста да дојде во својот дом и да ја посети мајка си, Фросина. Таа е свесна дека ова можеби е нивната последна средба…
ФРОСИНА е прва целовечерна играна продукција целосно на македонски јазик, со македонска актерска и филмска екипа, со исклучок на режисерот Нановиќ, и прв игран филм снимен во продукција на „Вардар филм – Скопје“, продуцентска куќа основана во 1947 година.
Проекции
Вторник, 7 април18:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Мери Бошкова, Петар Велјановски, Ацо Јовановски, Наѓа Подерегин, Петре Прличко, Илија Џувалековски

Македонски


