
Денеска, на 7 април (вторник ), во 13 часот, во Хотел Рагуза Парк – Скопје, ќе се одржи настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето.

Настанот е во насока на одбележување на овој значаен датум, со цел промоција на здравјето, подигање на јавната свест и нагласување на приоритетите во здравствениот систем, во согласност со глобалните активности на Светската здравствена организација под мотото ,,Науката ја прави здравствената заштита подостапна“.

Македонски


