Skip to main content

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

– По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.

Високата владина делегација ја предводена министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика Сања Божиновска. 

-Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност, стои во соопштението на МНРиНТ.