
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на шест целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се очекува за неколку месеци од денеска, уште четири дополнителни сали да бидат пуштени, со што ќе го заокружиме процесот од 10 вакви современи, би рекол, многу модерни сали, овде. И, исто така, очекувам дека од почетокот на летото ќе имаме можност да видиме уште еден проект којшто ќе биде завршен, а тоа е во болницата „8 Септември“, каде што исто така ќе имаме супер модерни операциони сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот, кога станува збор за ваков тип на операциони сали, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека во моментов во здравство се прават многу работи.
Се разбира дека во здравството се потребни и голем дел фундаментални, структурни промени и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот. Истовремено, треба да се прават реформи, можеби и поинаков пристап да имаме во здравството, бидејќи речиси ништо не е правено, а ресурсите се ограничени. Нашата цел е да решаваме проблем по проблем, за тоа треба време, не може да се среди сѐ и веднаш. Но, тоа е што е. Ние како Влада имаме желба, еден од врвните приоритети ни е здравството и на тој начин ќе продолжиме да се однесуваме. Јас би сакал во оваа прилика да му честитам на директорот, на директорот на Фондот, исто така, на министерот, на сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, додаде Мицкоски.


Македонски


