Skip to main content

Почина историчарката на уметност Јасмина Зисовска

Фејсбук профил на Јасмина Зисовска

На 67-годишна возраст почина Јасмина Зисовска, историчарка на уметност. Родена на 28 февруари 1959 година во Куманово. Основно и средно образование (гимназија) завршува во родниот град. Се запишува на Филозофски факултет на УКИМ во Скопје, група историја на уметност со археологија. Дипломира 1984 година. На 1 март 1985 се вработува во НУ Музеј – Куманово, тогаш Народен музеј, како кустос историчар на уметност.

Првите 10 години ги истражува христијанските сакрални споменици во Куманово и Кумановско.
Плод на теренските истражувања е каталогот за „Иконите во Кумановско“ во соработка со колешката од Музеј на Македонија, Викторија Коробар (2001), издаден по повод 2000 години од христијанството, а иконите беа сместени во Галеријата на икони во црквата “Св. Никола“ во Куманово). Има објавено напис „Црковни споменици во Кумановскиот крај“, во Музејски гласник бр. 1 (1994) во издание на Народен музеј – Куманово.

Наредните 10 години работи како кустос за современа уметност во Уметничката галерија – која е составен дел на Музејот, каде активно работи на реализирање на самостојни и групни изложби, особено на традиционалните изложби „Кумановски ликовни уметници“ и „Ликовна колонија Куманово“.
Во НУ Музеј- Куманово работи до 31.12.2004 година, а од 1.1.2005 година преминува во Управата за заштита на спомениците на културата при Министерството за култура во Скопје, каде работи како советник инспектор за културно наследство, – историчар на уметност, сѐ до 2019 година, и поради здравствени проблеми, повторно се враќа и работи во Музејот во Куманово, сѐ до нејзиното пензионирање, 28.2.2021 година.

Поврзани вести