Skip to main content

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се чини дека го одложи својот ултиматум до Иран за уште 24 часа, сега поставувајќи го „вторник во 20 часот“ по источно време, што е 2:00 часот наутро во среда по средноевропско време, за нов краен рок.

Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Претходно вчера Трамп изрази верување дека САД имаат добри шанси денеска, понеделник, да постигнат договор со Иран, еден ден пред да истече неговиот ултиматум до Техеран.

Без договор, ќе видите како мостови и електрани се уриваат низ целата земја“, изјави Трамп за Фокс њуз, повторувајќи ја својата закана.

На 26 март, Трамп го одложи планираниот датум за уништување на електраните за десет дена, до понеделник, 6 април во 20:00 часот.

Во истото интервју, тој рече дека им гарантира „имунитет“ на иранските преговарачи, за тие наводно да не бидат цел на американско-израелски напади.

Поврзани вести