
Лидс го победи Вест Хем вечерва во четвртфиналето на ФА купот со 4:2 на пенали, откако основните 90 минути завршија нерешено 2:2, а во продолженијата немаше голови.
Гостите поведоа со 2:0 со головите на Ао Танака (26. минута) и Доминик Калверт-Луин (75. минута, пенал)
Вест сe спаси од пораз со погодоците на Аксел Дисаси и Матеус Фернандес во судиското надополнување.
Лидс стана последниот учесник во полуфиналето на ФА купот. Манчестер Сити, Челзи и Саутемптон претходно стигнаа до оваа фаза.
Двојките за полуфиналето ќе бидат одредени со жрепка.
Извор: МИА

Македонски


