Skip to main content

Американски специјалци го спасиле вториот пилот паднат во Иран, но САД во акцијата загубиле два авиoна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалните мрежи соопшти дека вториот член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15 соборен над Иран бил спасен од американските специјални сили и е „безбеден и здрав“.

Тој претрпел повреди, но ќе биде сосема добро“, рече Трамп, опишувајќи ја мисијата за враќање на војникот како „една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД“.

Американски борбен авион Ф-15Е беше соборен над Иран во петокот, предизвикувајќи голема загриженост во Вашингтон дека иранските сили би можеле прво да стигнат до двајцата членови на екипажот и да ги искористат во преговорите за завршување на војната.

Трамп потврди дека пилотот на авионот бил спасен претходно, истакнувајќи дека САД првично не го откриле тоа за да избегнат загрозување на втората операција за спасување.

Трамп вели дека американската војска распоредила „десетици авиони, вооружени со најсмртоносното оружје во светот, за да го извлечат“.

Овој храбар Воин бил зад непријателските линии во предавничките планини на Иран, го ловеле нашите непријатели, кои се приближувале сè повеќе и повеќе со секој час“, вели Трамп.

Телевизијата „Ал џезира“, цитирајќи неименуван владин претставник на САД, објави дека офицерот за оружје бил пронајден по „жестока престрелка“.

„Њујорк тајмс“ објави дека по спасувањето на офицерот за оружје Ф-15Е, двата транспортни авиони (веројатно Ц-130) што се користеле за транспорт на персоналот надвор од Иран биле погдени откако слетале во Иран.

Се наведува дека било одлучено да се донесат три нови авиони за да се изврши извлекувањето, а двата авиони што „се заглавиле“ биле дигнати во воздух за да се спречи нивното заробување од страна на иранските сили.

Со свое соопштение се огласија и од Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во кое тврдат дека тие го уништиле американскиот Ц-130, јужно од Исфахан, што е спротивно на тврдењето на „Њујорк тајм“ дека американските сили ги дигнале во воздух за да спречат авионот да падне во ирански раце.

Поврзани вести