Skip to main content

САД случајно ја открија локацијата од која летаат бомбардерите за да го нападнат Иран

valentin-karisch-on-unsplash

Централната команда на американската морнарица (CENTCOM) објави фотографија од бомбардер Б-52 „Стратофортрес“ како се полни со гориво над Саудиска Арабија, преку која е можно за да се одреди прецизната локација – точка на 240 километри источно од главниот град на Саудиска Арабија, Ријад и на помалку од 400 километри од иранскиот брег.

Првично, беше објавено дека САД ги оддалечиле своите авиони од Иран колку што е можно повеќе и ги користат Б-52 исклучиво како носачи на крстосувачки ракети ЈАССМ. Сепак, видот на товар на објавените слики ја побива оваа хипотеза. Се верува дека пилоните на авионот носат бомби Мк-84 (по 910 кг секоја) со капсули ЈДАМ со сателитско наведување.

Употребата на наведувани бомби наместо крстосувачки ракети значи дека авионите Б-52 можат да влезат во областите претходно контролирани од иранската воздушна одбрана. Ова укажува или на недостаток на скапи крстосувачки ракети или на довербата на Пентагон дека небото над Иран е веќе доволно безбедно за авиони од овој тип да можат да работат и да ја користат оваа специјална муниција.

Поврзани вести