Skip to main content

Метеопатите најмногу го почувстуваа: Нагло стопли до 20 степени

Променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи го одбележа денешниот ден низ земјава, проследено со умерен до засилен северен ветер, кој на места достигна и над 60 километри на час.

Сепак температурите бележат тенденција на брз и голем пораст па така тие денес во најтоплите југоисточни предели од Македонија надминаа 20 степени , односто во Струмица и во Гевгелија денес се измерени максимални 21 степен.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите денешните максимални дневни температури на воздухот измерени до 17 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.