
На магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Зајас, кичевско, вчера вечерта, околу 21 часот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(69) од Зајас и патничко возило „мицубиши” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(19) од село Бачишта, кичевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „мицубиши”, С.А.(20) од село Зајас и А.Р.(18) од село Бачишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мицубиши” Б.А.(19) од село Зајас. Сите повреди се констатирани во Медицински центар Кичево, а извршен е увид од екипа од ОВР Кичево.
Утврдено е дека возачот на автомобилот „мицубиши“ воопшто немал возачка дозвола, за што ќе следи соодветен поднесок, информира МВР во Билтенот.

Македонски


