Skip to main content

Велигденски зајачиња со виршла: Меко тесто и празнична идеја што ги освојува семејствата

Потребни состојки:

• 400 мл топло млеко
• 1 лажица шеќер
• 1 лажичка сол (или 2, по вкус)
• 1 лажица сув квасец
• 100 мл масло
• 1 јајце
• 500–600 г брашно
• 7 виршли

За премачкување:
• 1 жолчка
• малку млеко
• НМД

За декорација:
• зрна ким

Постапка:

Во длабок сад сипете го топлото млеко, додајте шеќер и сув квасец, па оставете да се активира неколку минути. Потоа додајте сол, јајце и масло, и постепено додајте брашно додека да добиете меко, еластично тесто.

Замесеното тесто покријте го и оставете го да нарасне околу 1 час, додека да го удвои волуменот.

Откако ќе нарасне, поделете го тестото на 14 еднакви топчиња. Секоја топка намастете ја лесно и со дланките развлечете ја во долгнавесто валјаче (околу 50 см).

Валјачето обликувајте го во форма на буквата „U“. Заоблениот дел свиткајте го малку кон средината, а во отворот ставете половина виршла (претходно исечена). Краевите благо штипнете ги за да добиете форма на уши.

Наредете ги зајачињата во плех, оставете ги да одморат 10–15 минути додека да се загрее рерната. Премачкајте ги со жолчка измешана со малку млеко и за декорација додајте зрна ким како очи и нос.

Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 20–25 минути, додека да добијат златно-кафеава боја.

Совети за совршен резултат:

• За уште помеко тесто, користете квалитетно брашно со повисок процент на протеини

• Ако сакате поздрава варијанта, може да комбинирате бело и интегрално брашно

• За побогат вкус, додајте малку путер наместо дел од маслото

Поврзани вести