Skip to main content
JkIWFs7sxfE

Петрушевски: Власта на СДСМ и ДУИ донела ДУП во Тетово за бизнис интересите на Давидовиќ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека по формирањето на Владата во 2020 година, тогашната коалиција на СДСМ и ДУИ донела детален урбанистички план (ДУП) во Тетово со цел, како што тврди, да се овозможи бизнис за Миодраг Давидовиќ – Дака.

Според Петрушевски, измените во ДУП биле усвоени само еден ден по составувањето на Владата, предводена од Зоран Заев, а се однесувале на просторот на поранешниот ШИК „Јелак“ во Тетово.

Тој тврди дека со овие измени на компанијата „Јелак Градба“, која ја поврзува со Давидовиќ, ѝ било овозможено да реализира проект со изградба на над 2.000 станбени единици, деловни објекти и други содржини, со вкупна вредност од над 200 милиони евра.

Петрушевски изнесе и обвинувања за поврзаност меѓу тогашната власт и Давидовиќ, повикувајќи се на претходно објавени наводи за финансиски средства, за кои, според него, не било спроведено соодветно истражување.

Воедно, тој го повика Јавното обвинителство да ги испита овие наводи, оценувајќи дека, како што рече, „каде има сомнежи, потребно е институционално расчистување“.

Од СДСМ и ДУИ засега нема реакција на обвинувањата.И донела ДУП во Тетово за бизнис интересите на Давидовиќ

Поврзани вести