
САД официјално ја отстранија привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, од списокот на санкции.
Одлуката на претседателот Трамп е значаен чекор во вистинската насока за нормализирање и зајакнување на односите меѓу нашите земји. Веруваме дека овој напредок и решителност на крајот ќе доведат до укинување на дополнителните активни санкции врз нашата земја“, соопшти Родригез по ваквата американска одлука.
Таа додаде дека одлуката ќе овозможи брз економски развој, инвестиции и ефикасна агенда за билатерална соработка во корист на двата народа.
Да продолжиме да работиме кон просперитетна Венецуела за сите“, истакна Родригез.

Македонски


