Skip to main content

Распродадени билетите за реваншот меѓу Охрид и Олимпијакос

Ракометарите на ГРК Охрид во полна сала в сабота ќе го пречекаат грчки Олимпијакос во реваншот од четврт-финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Македонскиот ракометен прволигаш објави дека сите билети за реваншот против Олимпијакос во салата „Билјанини извори“ се продадени.

На првиот натпревар одигран минатата недела во Атина, ракометарите на ГРК Охрид извојуваа победа од 31-25 и се на чекор до пласман во полуфиналето.

Реванш е закажан со почеток во 18 часот.

Поврзани вести