Skip to main content

Спасен еден од пилотите на соборениот американски борбен авион над Иран

bryan-ramos-on-unsplash

Еден од пилотите на соборениот американски авион-ловец Ф-15 над Иран е спасен од военовоздухопловните сили на САД, јави „Си-би-ес њуз“, повикувајќи се на двајца американски официјални претставници.

Потрагата и спасувањето на вториот пилот е во тек.

Иранските медиуми објавија видеа на кои се гледа американски авион Ц-130 и два хеликоптери „Блек хоук“ ниско летаат над југозападен Иран во потрага по катапултираните пилоти.

Иранската новинска агенција Мехр објави дека еден од американските хеликоптери е соборен.

Претходно, Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека соборила два американски авиони ловци, од кој едниот е Ф-35, а другиот Ф-15.

Во соопштението се наведува дека американскиот авион-ловец Ф-15 е соборен над централниот дел на Иран и е целосно уништен. Другиот американски авион ловец е погоден јужно од островот Кешм и потоа се урнал „во длабочините на Персиски Залив.

ИРГЦ тврди дека вооружените сили на Иран досега собориле два авиона Ф-35, еден Ф-18, два Ф-16 и четири Ф-15 од почетокот на американско-израелската напад што почна на 28 февруари. 

Поврзани вести