
Во недела (05.04.2026) со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булевар „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булевар „Илинден“ до крстосница со булевар „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта фонтана Лотус, информираат од МВР.
Од таму посочија дека поради тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Македонски


