Skip to main content

Легендата на Ливерпул Џон Барнс во сабота во Битола, во недела во Скопје

 Во организација на Здружението на навивачите на Ливерпул од Македонија големата ѕвезда на Ливерпул Џон Барнс во деновите на викендот ќе биде гостин во Македонија. Главниот настан ќе се одржи во сабота во Битола во „Клуб Расчекор“, каде настанот почнува во 12 часот, а ќе има и заедничко гледање на дуелот од четвртфиналето од ФА купот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул од 13:45 часот.

Во продолжение фановите на Ливерпул ќе можат да се дружат со легендата на Ливерпул, Џон Барнс. За музичкиот дел и за атмосферата како што е во пабовите во Ливерпул ќе се погрижи и вториот гостин од Ливерпул „BOSS Night & The Chimps“.

Се очекува повеќе од 500 навивачи на Ливерпул од повеќе држави од регионот да бидат присутни на настанот, кој ќе продолжи и во недела во Скопје, но и со заедничко дружење и прошетка и уживање на фановите од другите држави во Битола.

Поврзани вести