Skip to main content

Марко Милошевиќ нема контакт ниту со тетката ниту со полусестрата Марија

Марко Милошевиќ, внук на Слободан Милошевиќ изјави дека неговата полусестра Марија  Милошевиќ престојувала во Србија во 2018 година на покана на неговата мајка Милица Гајиќ, но дека тие го изгубиле контактот по смртта на баба му Мирјана Марковиќ во 2019 година.

Како што рече, имало проблем во комуникацијата меѓу неговата полусестра и нивниот татко и поради тоа тој го изгубил контактот со неа и не знаел дека доаѓа во Србија за годишнината од смртта на неговиот дедо.

Марко потврди дека не разговарал со својата тетка Марија Милошевиќ 20 години, која, според него, се вратила во Србија од Црна Гора. Тој исто така откри дека таа не присуствувала на кремацијата на нивната мајка Мирјана Марковиќ во Москва, но дека потоа неговиот татко и тетка го обновиле контактот.

Марко не е во контакт ни со неговата полусестра, која исто се вика Марија и која има 20 години.

Поврзани вести