Skip to main content

„Хаос“ – нова премиера во Штипскиот театар во режија на Александар Ивановски

Плакат

„Хаос“ е новата премиера на штипскиот Театар која е закажана за 4 април во 20 часот. Претставата е работена по мотиви од текст на Мика Милиахо, а во режија на Александар Ивановски.

Во претставата играат: Ава Хусеини како Софија, Марија Минчева Андонов како Јулија и Кристина Атанасова Арсова како Еми- информираат од Театар Штип.

„Хаос” е претстава за стресот, осаменоста, пријателството и борбата да се остане нормален кога се наоколу се руши, претстава за секој човек што некогаш почувствувал дека не може повеќе – а сепак продолжил понатаму.

Во соопштението од Театар Штип се вели дека „Хаос” е современа драма, која преку силни ликови и напната атмосфера ја истражува човековата состојба, односите и границите на моралното и општествено прифатливото. Тоа е драма која преку интензивни дијалози и психолошка длабочина ги истражува кршливите човечки односи, моралните дилеми и притисокот на општествените норми. Во свет каде редот се распаѓа, ликовите се соочуваат со сопствените стравови и вистини.

Поврзани вести