
По девет сезони со трофеи и индивидуални признанија Мохамед Салах на крајот од оваа сезона го напушта Ливерпул. За време на репрезентативната пауза Салах објави дека една година пред истекот на договорот ќе го напушти Енфилд.
33-годишниот фудбалер има понуди од неколку клубови од Европа (Италија пред сè), но најверојатно негова следна дестинација ќе биде Саудиска Арабија и најблиску до неговиот потпис е Ал Итихад. Од клубот веќе заминаа Н’Голо Канте и Карим Бензема.
Во клубот се подготвени за понуда од 100 милиони евра годишна плата (87 милиони фунти) или 1,67 милиони фунти неделно. Во моментов платата на Салах во Ливерпул е нешто над 20 милиони фунти годишно.
Ливерпул дозволи Салах да замине без обесштетување.

Македонски


