Skip to main content

Иран собори американски Ф-15, Американците во трескавична, спасувачка потрага за пилотите

Иран соборил американски борбен авион, Ф-15 Е „Страјк игл“. Борбениот авион летал над иранска територија кога бил погоден од противвоздушна ракета.

Иранска оптичко-електронска станица за насочување го следела инцидентот.

По соборувањето на авионот, ирански извори објавија фотографии на кои се гледа местото каде што паднал авионот. Меѓу објавените фотографии има делови од крилата на кои се гледа ескадрилата на која и припаѓало ова летало.

Судбината на пилотите останува непозната, но во ирански простор влегле американски хеликоптери и авиони кои летаат на ниска надморска височина, во обид да ги пронајдат и да извршат спасувачка операција за нив.

Во операцијата за пронаоѓање на пилотите учествуваат мерикански хеликоптери УХ-60 „Блек хоук“, беспилотни летала MКу-9 „Рипер“ и авион на Командата за специјални операции MЦ-130Ј, кои летаат над округот Бојер-Ахмад во централен Иран.

Поврзани вести