Skip to main content

Џиџи Буфон поднесе оставка во италијанската репрезентација

Принтскрин од видео

Легендарниот голман на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон поднесе оставка на позицијата шеф на националниот тим. Неговото заминување доаѓа откако оставка поднесе претседателот Габриеле Гравина по неуспехот на „аѕурите“ да се пласираат на Светското првенство. Италија беше елиминирана од Босна и Херцеговина во бараж-мечот за пласман на Мундијалот летово.

Сметам дека е правилно оние кои доаѓаат да имаат можност да изберат личност за оваа функција. Да се претставува репрезентацијата за мене беше чест и страст од детството, изјави Буфон.

Буфон на позицијата шеф на делегацијата беше од летото 2023 година.