Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Заев не ги негираше аудио снимките дека Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра

Заев и СДС со години не ги негираа аудио снимките во кои се вели дека Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев.Посредникот на Заев, Зоран Милески – Кичеец, според аудио снимките кои излегоа во јавноста во 2020 година, го рекетирал прорускиот бизнисмен Дака, кој му дал 300 илјади евра и 2 илјади метри квадратни земјиште на Заев, за возврат да добие бизнис услуга, објави денеска Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во снимките јасно се слуша како Дака му вели на Кичеец дека парите кои му ги дал на Заев, ги искористил за изборен инженеринг за референдумот за името.

Овој круг стигнува и до тогашниот владин генерален секретар на Заев, Драги Рашковски, што значи само едно, а тоа е дека тогашната власт на СДС била поврзана со прорускиот бизнисмен Дака, а потоа и помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, но за тоа ќе го потсетиме македонскиот народ на утрешната прес-конференција.

Поврзани вести