Skip to main content

Италија со Балотели последен пат играше на СП

 Фудбалерот на Ал-Итифак, Марио Балотели, изјави дека е горд што е Италијанец. Изјавата на „Супер Марио“ доаѓа по поразот на Италија од Босна и Херцеговина на пенали во баражот за Светското првенство 2026.

-Горд сум што сум Италијанец – напиша Балотели на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија по постигнувањето гол на Светското првенство во 2014 година.

Балотели го постигна последниот гол за Италија на фудбалските Мундијали. Во 2014 година, тој го постигна победничкиот гол во победата од 2:1 над Англија.

Контроверзниот фудбалер одигра 36 натпревари за италијанската репрезентација, постигнувајќи 14 гола и пет асистенции. 

Поврзани вести